АМСМ: Сообраќајот се одвива по влажни коловози, возете внимателно

Сподели со своите пријатели

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Слаб снег врне во Маврово, Крива Паланка и на планинскиот премин Ѓавато.

Од Авто мото сојузот на Македонија препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

РАБОТИ НА ПАТ:

Патниот правец Р2137 Неготино – Војшанци поради санација на мостот на река Вардар е затворен за сообраќај. Сообраќајот се пренасочува преку патниот правец Р2137 Војшанци – Бистренци – Корешница – Демир Капија и обратно.

ГД  Гранит АД Скопје поради градежни активности на автопатот А1, коридор 10 од 114+673 км. до 126+272 км. од 22.11.2016 (вторник) ќе воспостави времен режим на сообраќај на автопатот А1, коридор 10 од клучка Неготино до клучка Демир Капија. Сообраќајот ке се одвива во насока од Скопје кон Гевгелија и Атина по регионалниот пат Р1102.

Од 03.12.2016 година извршена е измена на режимот на сообраќај на делница автопат Куманово-Скопје од 29+600 до 30+772 километар, населба Миладиновци. Затворена е за сообраќај лентата за застанување каде се одвиваат градежни работи, а сообраќајот се одвива по брзата и средната лента

Градежната компанија Трансмет ДОО Скопје изведува градежни работи на државен пат А-2 Обиколница на Скопје од клучка Сингелиќ до клучка Смилковци со почеток од 02.12.2016 се воведува времена измена за режим на сообраќај, , согласно Одобрение број 22.2-72149/2 со датум 18.11.2016 година издадено од Министерството за транспорт и врски на РМ, односно сообраќајот се одвива по левата коловозна лента /правец клучка Сингелиќ-клучка Стајковци/ во двата правци а десната коловозна лента е затворена за сообраќај заради изведување градежни работи.

Регионалниот пат Р-2332 патен правец Ресен – Охрид (преку национален парк Галичица) од 15.11.2016 до 01.04.2017 е затворен за сообраќај. Од охридската страна возилата со вкупна тежина до 3,5 тони можат да се обраќаат само до месноста “Kорита”.

На 27.11.2016 година во 11:30 часот целосно е затворен за сообраќај регионалниот пат Р1309 с.Грдовци-с.Зрновци, поради рушење на мостот на река Брегалница и изградба на нов мост.

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: На сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба и истата ќе трае до 15 март 2017 година.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на претпријатието се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.