Американските амбасади на Блискиот исток и во Европа ги предупредија своите граѓани

Сподели со своите пријатели

Амбасадите на Соединетите Американски Држави на Блискиот исток и во Европа ги предупредија своите граѓани кои патуваат или живеат на тие простори за можни насилни протести откако америакнскиот претседател Доналд Трамп објави дека го признава Ерусалим како главен град на Израел.

Неколку минути по неговата објава, амбасадите во Турција, Јордан, Германија и Велика Британија ги предупредија Американците да бидат внимателни и претпазливи. Се очекува дека истото ќе го направат и другите амбасади.

Трамп ја сели амбасадата во Ерусалим, Палестинците најавија „три дена гнев“

Loading...

Амбасадата на САД во Анкара соопштила дек аочекува протести во близина на својата зграда, како и конзулатите во Истанбул и Адан.

Американската амбасада во главниот град на Јордан, Аман, објави дека денеска ќе биде затворена. Таа забрани на своите вработени да го напуштаат градот и наложи децата да не ги пуштаат на училиште.

Трамп вчера објави дека САД го признава Ерусалим како главен град на Израел и рече дека наложил Стејт Департментот да започне подготовки за преселување ба амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим.