Американски пилот открива детали за својата средба со НЛО (видео)

Сподели со своите пријатели

Пензионираниот командант на ексадрила Дејвид Фрејвор е еден од пилотите со неверојатна снимка од блиска средба со НЛО, која последните денови го обиколи светот.

Тој сега зборува за тоа што се случило на 21. ноември 2004 година. Иако поминал 18 години во американската морнарица, вели дека не можел ниту да претпостави дека може да види такво нешто за време на рутинска мисија за обука покрај брегот на Калифорнија.

Американските маринци снимиле НЛО во пустина? (видео)

Loading...

– Не сум луд, ниту бев пијан. Тоа не беше од овој свет. За 18 години сум видел помалку или повеќе се што можев да видам на оваа поле, но ова не беше ниту слично на било што што дотогаш имав видено, рекол Фрејвор.

https://www.facebook.com/cnn/videos/10157715508141509/

Тој се присетува дека го возел својот авион F/A-18 на сончев ден во јужна Калифорнија кога еден од контролорите од блискиот брод на морнарицата пријавил објект долг околу 12 метри кој паѓал од височина од 24.000 метри, а тогаш венднаш повторно се подигнал.

– Мислевме, ок, ова ќе биде интересно. Додека го баравме објектот кој се појави на радарот и исчезна, забележавме нешто чудно. Погледнавме долу и видовме како водата е пенлива, како нешто да е испод површината и брановите се прекршуваа преку тоа. Но, видовме и објект како лета околу, личеше на мал бел тик-так, и се движеше околу, лево, десно, напред, назад, едноставно хаотично, вели Фрејвор.

Додава дека непознатиот објект не оставил бразда од роторот типична за хеликоптер или млазен мотор типичен за авион. Воените авиони се спуштиле пониско до морето за да го истражат објектот, кој во меѓувреме започнал да го имитира нивното движење пред одеднаш нагло да забрза, да се искачи над нив и да исчезне, раскажал Фрејвор.

– Кога почна да ни се доближува, затоа што се спуштавме кон него, тој се подигаше, еташе во издолжена положба, така како тик-так, со кружни краеви и одеше напред. Не знам што беше тоа, не знам што видов. Знам само дека беше импресивно, многу брзо, и дека би сакал да летам во тоа. Кога авионите продолжија со својата мисија за обука, неидентификуваниот објект повторно се појави. Вториот авион кој полета од носачот на авиони USS Nimic регистрираше објект на својот инфрацрвен канал. Објектот не оставаше издувна трага на инфрацрвениот канал, а неговата брзина беше импресионистичка, вели Фрејвор.

Фрејвор вели дека нема рационално објаснување за она што тој и неговите колеги го виделе тој ден.

– Не знам дали постои вонземски живот, но ќе кажам дека во бесконечниот универзум, со повеќе галаксии за кои знаеме, ако само една планета има живот, тогаш тоа е прилично осамен универзум, додава тој.

ФБИ откри тајна за вонземјаните (видео)

Освен самата приказна, помалку неверојатно звучи тоа што немало понатамошна истрага за овој инцидент.

– Знаеш дека како пилот ќе видиш многу интересни работи. Но, да ви се прикаже 12-метарски бел тик-так без крила кој може да се движи во било која насока, од тоа да лебди над океанот, да не имитира, до тоа да забрзува до точка што едноставно ичезнува, едноставно „пуф“ и го нема, вели на крајот овој поранешен пилот, не криејќи го и натаму своето неверување во она што го доживеал.

https://youtu.be/DqNNXpgB2bw