Американски научник тврди: Деновите ни се избројани

Сподели со своите пријатели

Светот последните години се соочува со пораст на големи природни катастрофи, што е знак дека сме ја минале секоја точка без враќање, односно дека деновите ни се изборени, уверен е американскиот научник Гај Мекфирсон.

Овој професор по природни ресурси, екологија и еволуционарна биологија на Универзитетот во Арзиона, смета дека стапката на климатските промени ќе ги надмине способностите за прилагодување на човековата раса, а што на крај ќе има лоши последици.

– Ова се симптомите, а ситуацијата ќе се влоши во следните години, убеден е тој.

Крај на светот? Еве како ќе исчезне човештвото!

Loading...

Како вели, за следните осум години нашата планета веројатно ќе биде потопла од било кога во последните две милијарди години, а тоа неминовно ќе доведе до пораст на нивото на морето поради топењето на мразот, поради што во голема опастност ќе бидат сите оние кои сега живеат на крајбрежјата.

Тоа, во продолжение, ќе доведе до проблеми со снабдувањето со храна, што со оглед на постојаното зголемување на популацијата на Земјата ќе биде огромен проблем.

Мекфирсон е убеден дека непредвидливите урагани, земјотреси и пожари во 2017 година се примери за огромни промени во климатскиот систем на Земјата.

– Овие глобални катастрофи се закануваат на енергетските системи, инфраструктурата и залихите со храна. Влеговме во време на ескпоненцијални климатски непогоди со точку без враќање и нераскинливи кругови кои не туркаат преку работа, додека Владата и институциите за истражувањето на климатските услови одбиваат да ја прифатат сериозноста на ситуацијата, заклучува американскиот научник.