Американски конгресмен бара „Дејтон 2“ за Балканот

Сподели со своите пријатели

Американскиот конгресмен и некогашен градоначалник на Дејтон, Мајкл Р. Тарнер му напишал на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон за Балканот.

Тарнер укажал на потребата САД да се свртата на регионот на Балканот и да преземат водечка улога во процесот на помирување. Тој предложи и потпишување на „Дејтон 2“.

– Минатата недела одбележаве 22 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, кој стави крај на повеќегодишното крвопролевање и направи предуслови за траен мир во Босна и Херцеговина. Во тоа време бев градоначалник на Дејтон и од прва рака сведочев како американската дипломатија зад иста маса собира спротивставени страни, потсетува Тарнер, сегашен член на американскиот Конгрес.