Американската војска се извини за „џиновскиот пенис“ на небото (видео)

Сподели со своите пријатели

Американската морнарица го оценила како неприфатлив пијаниот хумор на пилот кој за време на тренинг со кондензациски трагови од авионот на небото „исцртал“ џиновски пенис.

Жителите на малиот град Оконоган во државата Вашингтон вчера со неверување набљудувале како еден од авионите од блиската база започнува на лети по необична траекторија.

Една жена се жалила до локалната телевизија, а телевизијата потоа побарала реакција од воените власти.

https://twitter.com/anahi_torres_/status/931266469869977600?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fmondo.rs%2Fa1057812%2FZabava%2FLudi-svet%2FPenis-na-nebu.html

Loading...

Во соопштението на морнаричкото воздухопловство се наведува дека маневарот немал тренажна вредност и дека екипажот ќе биде повикан на одговорност.

– Морнарицата очекува од својот екипаж да ги исполни највисоките стандарди и сметаме дека ова е апсолутно неприфатливо, пишува во соопштението.

Инцидентот бргу се прошири на социјалните мрежи и привлече внимание на медиумите и лавина коментари за сексуално вознемирување и насилство.

https://youtu.be/qJFj5bBwBj8