Алкохолот предизвикува седум видови рак?

Сподели со своите пријатели

Многу луѓе мислат дека алкохолот предизвикува карцином на црниот дроб, но тој напаѓа и многу други делови од телото, а се претпоставува дека го потикнува и развојот на секое малигно заболување.

Најновото медицинско истражување, кое е објавено во списанието „Addiction“ докажува дека алкохолот предизвикува дури седум видови рак, а се претпоставува дека влијае и на шиење на многу малигни болести.

Истражувањето имало за цел да го поврзе алкохолот со борјот на заболени од рак, па било откриено дека тој всушност е предизвикувач на рак на уста и грло, грклан, јајници, цен дроб, тенко и дебело црево и дојка.

Било докажано дека само во 2012 година починале половина милион луѓе од рак ако последица на алкохолни пијалоци, што претставува 5,8% од починатите во светот од карцином.

Најзагрозени секаок се тешките алкохоличари, но не се сигурни и оние кои пијат алкохол од време на време.

Иако постојат истражувања кои зборуваат за тоа дека мажите сигурно пијав 21 чаша алкохол неделно, а жените 14, ова стадија го покажува спротивното.

Само луѓето кои не конзумираат алкохол се сигурни – вели Џени Конор од Универзитетот Отаго, Нов Зеланд.

Студијата покажала дека жените кои пијат две чаши алкохол дневно имаат 16% поголем ризик да заболат од рак, во однос на оние кои не пијат. Доколку се внесува алкохол повеќе од пет чаши дневно процентот е зголемен за 40%.

Ова откритие е значајно за превенција на рак и ги предупредува луѓето на опасност во која го доведуваат својот организам ако пијат алкохол – вели Сузана Браун од Светскиот фонд за истражување на рак.

Не постојат јазни докази како тоа алкохолот предизвикува рак, но најголем број од научниците ја заговараат тезата дека ја оштетува ДНК.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”big” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...