Алексовска: Дел од средствата се веќе исплатени, а дел ќе се исплатат во 2016 година (видео)

Сподели со своите пријатели

По денешната прес конференција за медиуми на која Општинскиот одбор на ГРОМ од Куманово ја обвини локалната самоуправа се уште не ги исплатила средствата на членовите на изборната комисија.

Секретарот на Општина Куманово вели дека општината на Изборната комисија има префрлено дел од парите, а останатиот дел е планиран од Буџетот за 2016.

Штом ќе имаме прилив и можност општината да ги подмири оибврските сигурно дека ќе бидат подмирени согласно приоритетите што има општината да ги плати – изјави Алексовска.

Таа додава дека Општина Куманово важи за една од најтранспарентните општини во државата и сите граѓани можат да дојдат во општината и да добијат конкретни информации за заинтересирана тема. Така што се однесува на вториот дел од прашањето на ОО на ГРОМ Куманово за превозот на учениците, Секретарот на Општина Куманово вели дека станува збор за транспарентен процес.

Што се однесува со цената со која многу често се манипулира мора да се дознае вистината. не може ние само паушално да употребуваме бројки, но тука треба да се видат и фактите, особено ако се има предвид ако секоја релација е согласно од каде до каде се вози тој ученик. Што се однесува со вкупната вредност, договорот иако изнесува 84 милиони, секој месец се фактурара според бројот на ученици кои се возат на таа релација – вели Алексовска.

Според Алексовска последниот извештај во ревизијата вели дека сите системи во Комисијата за јавни набавки се во согласност со законските процедури и нема забелешки во однос на законитоста и транспарентноста на постапките.