Александра Боризовска од ЖРК Куманово стана репрезентативка на Македонија

Сподели со своите пријатели

Селекторот на Женската сениорска репрезентација на Македонија, Симе Симовски, го објави списокот на ракометарки повикани за подготовки за време на ЕХФ националната недела (13-19.03.2017).

Симовски се реши за 22 ракометарки меѓу кои се најде и ракометарката на ЖРК Куманово Александра Боризовска  за квалификацискиот двомеч против Шведска за пласман на Светското Првенство во Германија 2017. Македонија, двата натпревари против Шведска ќе ги одигра на средината на јуни 2017 година.

Првиот собир ќе се одржи во Спортската Сала „Автокоманда“ во Скопје, на 13 март 2017 (понеделник) со почеток од 10:00 часот.

Чест ми е што добив шанса да бидам избрана во селекцијата на нашата држава. Ќе го дадам максимумот и се надевам дека овој пат ќе се најдам во потесниот список на селекторот за дуелите против Шведска – вели Боризовска.

Планирани се и два контролни натпревари со селекцијата на Србија. Првиот ќе се одигра на 17ти март во салата Автокоманда, а вториот наредниот ден на 18ти март во салата Јане Сандански.

 

Loading...