Александра Боризовска од ЖРК Куманово репрезентативка на Македонија

Сподели со своите пријатели

Централниот бек на женскиот ракометен тим од Куманово Александра Боризовска се најде во списокот на репрезентацијата на Македонија за престојните дуели од квалификациите за европското првенство во Франција што ќе се одржи во 2018 година.

– Чест ми е што добив шанса да бидам избрана во селекцијата на нашата држава за квалификациските натпревари против Шведска и Србија. Доколку селекторот ми пружи шанса ветувам дека ќе го дадам максимумот да оствариме што подобар резултат и пласман на европското првенство во Франција, вели Боризовска.

Репрезентацијата ќе го отвори квалификацискиот циклус со натпревар против Шведска на гостински терен во Лунд на 28 септември во 18:30, додека на 1 октомври Македонија во СРЦ „Кале“ во Скопје ќе ја пречека селекцијата на Србија. Во нашата квалификациска група уште се наоѓа и селекцијата на Фарски Острови.

Претходно на подготвителниот турнирот во Анкара, Турција во периодот од 21ви до 24ти септември сениорките одиграа три контролни натпревари каде остварија победа над Италија (29:24), пораз од Турција во првиот натпревар (30:26) и потоа со истиот противник нерешен резултат 30:30.