Александра Боризовска блескаше во ракометната репрезентација на Македонија

Сподели со своите пријатели

Централниот бек на ЖРК Куманово Александра Боризовска одигра 40 минути за репрезентацијата на Македонија против Србија и тоа на позицијата лево крило.

И покрај тоа што селекторот Симовски ја стави да одигра на крилна позиција наместо централен бек таа одлично се снајде особено во одбраната а успеа и да се запише во листата на стрелците. Сепак одличното издание на кумановчанката не беше доволно за победа против селекцијата на Србија, а водството на полувреме на домашната селекција со 15:14 не беше доволно за издвојување на првата победа во овој квалификациски циклус. Натпреварот заврши со резултат 27:33 за Србија.

Што се однесува до настапите на ЖРК Куманово во првенството на Македонија следниот натпревар ќе го одиграат во недела на гостински терен против екипата на Вардар, а кадетките викендов во сабота издвојуваа победа против екипата на Вардар од Неготино со резултат 44:21.

Најдобар стрелец во екипата на Куманово беше Наталија Пецанова со осум постигнати гола, а идентичен број на голови постигнаа и Мила Трајковиќ и Јована Кипријановска.