Претседателот на Албанија Илир Мета денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Македонија на покана на македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
Ивано и Мета претпладнево ќе имаат тет-а-тет средба во претседателската „Вила Водно“ по што е предвиден пленарен состанок на делегациите на двете земји.
За содржината на разговорите претседателите Иванов и Мета ќе ја информираат јавноста на заедничка прес-конференција.
Албанскиот претседател денека треба да има средба и со претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери.
Извор: МИА
Loading...