Албански државјанин приведен на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 09.30 часот на Граничен премин „Табановце“, од страна на полициски службеници приведен е Б.Б. (55) од Република Албанија, кој управувал патничко возило „DAIMLER CHRYSLER“, со албанска регистарска ознака, сопственост на E.P.A. од Република Албанија.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, истиот е приведен поради постоење основи на сомнение дека возилото е фалсификувано.

Во 10.40 часот лицето и возилото се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.