Албанец со фалсификувани исправи приведен на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

На 18.02.2017 година во 20.45 часот на граничниот прмеин „Табановце“, при пасошка контрола, констатирано е дека на патната исправа на лицето В.С. (30) од Република Албанија една страна била заменета со страна од друга патна исправа со цел да се отстрани забрана за влез во држава членка на Европската Унија. Лицето е приведено и со потврда за привремено одземени предмети патната исправа му била одземена, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во 21.35 часот, со потврда за предавање на лице, лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.