Албанец со фалсификувана исправа приведен на Табановце

Сподели со своите пријатели

Вчера наутро во 08.40 часот на ГП „Табановце“ приведен е П.Т. (31) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за фалсификување на патна исправа, информираат од Министерството за внатрешни работи.

П.Т. направил намерно оштетување односно механичко бришење на информации за влез во земјите на Европска Унија на седма страна.

Патната исправа со Потврда за привремено одземени предмети била одземена. Во 09.50 часот лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.