Албанец приведен на Табановце со фалсификувани исправи

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер во 21.00 часот на граничниот премин Табановце, при пасошка контрола, било утврдено дека патната исправа на лицето Р.Р.(33) од Република Албанија е намерно оштетена со отстранување на неколку страници.

Во 22.30 часот Р.Р. бил донесен и задржан во СВР Куманово за понатамошна постапка, информираат од Министерството за внатрешни работи.