14.02.2018 13:02

Албанец приведен на ГП Табановце со фалсификувана исправа

loading...

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против М.Џ. (45) од Република Албанија за сторено кривично дело „Фалсификување исправа“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 07.02.2018 година околу 23,10 часот на Граничен премин „Табановце”, на излез од Република Македонија, при пасошка контрола, од страна на полициски службеници, пријавениот приложил на увид фалсификувана патна исправа.

Од страна на надлежен суд на пријавениот му е изречена мерка протерување на странец од земјата во траење од пет години.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments