Ако дојде до нуклеарна војна Трамп влегува во овој авион и од тука издава наредби (видео)

Сподели со своите пријатели

Овој неверојатен авион е дизајниран за денот кога ќе дојде до крајот на светот или до изненаден нуклеарен удар.

Специјално дизајнираното американско летало го следи авионот „Air Force 1“ и Доналд Трамп каде и да патува, во случај да избие нуклеарна војна.

 

Loading...

 

Официјално е започнат како „National Airborne Operations Center“ кој дозволува на американските претседатели да издаваат директиви и одлучуваат додека се на небото.

„Boing E-4Bs“ чини 250 милиони долари, а час време од неговата работа чини 160.000 долари.

 

 

Авионот има широк спектар на одбрамбени механизми, вклучувајќи способност да издржи електромагнетни импулси.

Екипажот на овој авион користи традиционални аналогни инструменти за летање во кокпитот, затоа што се помалку подложни на сајбер напади.

 

Loading...

 

Иако овој авион технички не е тајна, оваа летало е најбезбедното и во него ќе биде претседателот во случај на нова Студена војна или нуклеарен напад.

За разлика од церемонијалниот и комфорен „Air Force 1“, главната соба е воена и вкоја седат десетина воени аналитичари, стратези и помошници за комуникацијата која ќе го води претседателот низ првите денови од нуклеарната војна.

 

 

Исо така, поседува и посебна опрема како што е антена долга осум километри, за да претседателот може да остане во контакт со флотата нуклеарни подморници и по уништувањето на комуникацијата на земјата.

 

 

За време на последната деценија од Студената војна, авионот стоел во воздухопловната база Ендруз во Мериленд. Кога сегашниот претседател се наоѓа во земјата, леталото е секогаш во состојба на готовност во Омах, во државата Небраска.

Loading...