90-годишен пензионер од Хрватска преку оглас бара жена, а еве што нуди

Сподели со своите пријатели

Вјекослав Голуб (90) од Копривница неодамна својот оглас го објавил во весник и моментално предизвикал големо интересирање во регионот.

„Барам женска личност која нема своја пензија да се омажи за мене, а по мојата смрт нејзе ќе и остане мојата пензија“ – пишува во огласот.

„А што да ви кажам… Сам сум, немам никој да ме нахрани, а веќе сум многу стар. Имам и гробно место, се уредно плаќам и би сакал да се оженам, па сопругата да ме нахрани. Нејзе ќе и ја оставам мојата пензија. Ќе се оженам со онаа што нема пензија, така да сепак има нешто од бракот со мене“ – раскажал дедо Вјекослав.

Интересно е што тој од својата идна сопруга не бара да живее со него, важно е само да има кој да го нахрани. А досега се женел три пати. Првин со Загорка, па Слованка, па со Подравка, и сега во шега вели дека би сакал да се ожени со Далматинка.

„Немам уште смислено што ќе правам ако ми се јави жена. Тогаш ќе мора некако да одлучам која ќе ја оженам, но затоа потоа. Идејата ја добив читајќи огласи и видов дека многу луѓе бараат партнери. Зошто да не помогнам некому ако можам? СО пензијата имам и некои други работи кои би ги оставил на жената и мислам дека тоа би ни користело и мене и нејзе“ – додава тој.

 

Loading...