86 лица загинаа во хемискиот напад во Сирија (ВОЗНЕМИРУВАЧКИ фотографии)

Сподели со своите пријатели

Најмалку 86 лица, меѓу кои 30 деца и 20 жени загинале во вчерашниот напад со хемиско оружје на северозападот од Сирија. Новиот биланс денеска го соопшти сириската опсерваторија за човекови права.

Светската здравствена роганизација и лекари без граници наведуваат дека прелиминарните докази укажуваат дека во нападот е користен нервен гас. Сириската опозиција го обвини претседателот Башар ал Асад за наводни напади со хемиско оружје во провиницјата Идлиб.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека авионите на сирисктие власи погодиле големо складиште на бунтовниците кај Хан Шеикун во кој се наоѓале отровните супстанци.

Нападот предизвика осуди од меѓународната заедница, додека Асад демантира дека неговата војска користела хемисли или отровни супстанци.

Во меѓувреме вонредно заседава Советот за безбедност на Обединетите нации.