77-годишен тетовец пронајден починат во одводен канал, кичевчанец на работното место

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и седумгодишен жител од тетовско вчера бил пронајден починат во одводен канал во безживотна состојба, додека вчеравечер пак во кичевско на работното место починат бил пронајден 57-годишен маж, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Вчера во 07.45 часот во ПО Камењане, Б.Ј. (49) с.Долно Палчиште пријавил дека во одводен канал на м.в. „Пропаст“, атар на с.Долно Палчиште, го пронашол починат неговиот татко Ј.Ј. (77) од истото село, кој на 20.03.2017 година бил пријавен за исчезнат. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. Притоа, било констатирано дека нема траги на насилна смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.

Околу  23.00 часот во с.Добреноец, кичевско, во близина на м.в.„Рибарница“ во барака пронајден е починат Л.Г. (57) од Кичево, вработен во Агенција за обезбедување. Смртта е констатирана од страна на доктор од Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршил Јавен обвинител и увидна екипа на ПС Кичево. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е прадено за обдукција.