74-годишна кумановка тешко повредена во сообраќајка

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 14.20 часот на ул. „114“ во Куманово се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ. (52) од с.Дренок, општина Старо Нагоричане, удрило во пешакот С.Ј. (74) од Куманово, информираат од Минисерството за внатрешни работи.

Во незгодата С.Ј. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Медицински центар Куманово каде и била укажана лекарска помош. Поради сериозноста на повредите била пренесена во Ургентен центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.