22.06.2017 01:02

7 знаци дека сте зависни од кофеин


Многумина сметаат дека кофеинот е безболен начин да се внесе дополнителна енергија во организмот за да се завршат секојдневните обврски. За жал, доколку тоа излезе од контрола може да дојде до зависност од кофеин. Ако се прашувате дали спаѓате во групата на зависници, следните седум знаци ќе ви го дадат одговорот.

1. Чувствувате дека ви фали нешто додека не внесете кофеин

Зависниците од кофеин сметаат дека тој им е неопходен за добро да функционираат и чувствуваат дека им фали сè додека не го внесат во организмот. Брзаат да се напијат кафе или енергетски пијалак пред да ги стигне вознемиреноста или главоболката, иако реално нема причина за тоа да се случи.

loading...

Ако пиете кафе повеќе од три пати на ден подобро да не прочитате што му правите на организмот!

2. Кофеинот ви дава сила

Кофеинот можеби ви дава чувство дека со него сте посилни, поконцентрирани и поенергични. Ако верувате дека без кофеин вашите перформанси ќе се намалат, веројатно станува збор за зависност.

3. Ви помага да го намалите апетитот

Зависниците често го злоупотребуваат кофеинот за да го намалат апетитот, да добијат чувство на ситост, па дури и да прескокнат цели оброци.

ЗАБОРАВЕТЕ НА КАФЕТО: Ова е најефикасниот начин за будење

4. Верувате дека ви помага да се расположите

Ако сте зависни од кофеинот ќе имате илузија дека тоа ви помага да се расположите, па дури и подобро и поквалитетно да разговарате. Тоа ќе ве натера да се напиете кафе секогаш кога ќе почувствувате дека треба да го унапредите вашиот социјален живот.

5. Верувате дека ви ги зголемува физичките способности

Сметате дека кофеинот ќе ви помогне да вежбате подобро и подолго и ќе ги подигне вашите атлетски перформанси.

loading...

Како се произведува инстант кафето? (видео)

6. Верувате дека ги намалува физичките способности и ве прави немирни

Зависноста од кофеин нема секогаш позитивни индикации. Понекогаш зависниците сметаат дека една шолја кафе или друг напиток во одредена ситуација ќе им ги намали физичките можности или ќе ги вознемири.

7. Не ви дава да заспиете

Вистина е дека кофеинот може да ви помогне да се расоните и да ве спречи да заспиете, но тоа нема еднаков ефект на сечиј организам. Кога тоа нема ефект на организмот на зависникот, а тој сè уште верува во тоа, многу е веројатно дека се работи за некој кому кофеинот му станал навика.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments