7-годишно дете повредено во сообраќајка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 18,40 часот во Куманово на улица „Доне Божинов“, С.Д.(30) од Куманово, управувајќи патничко моторно возило “Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки удрил во 7-годишно дете, пешак, од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

По незгодата, детето со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Клиничка болница Куманово, а потоа во Комплекс клиники “Мајка Тереза” Скопје, за понатамошно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот.

Leave a Reply