6 знаци дека консумирате премногу сол

Сподели со своите пријатели

Можно е да консумирате премногу солена храна и дури тоа да не го сфаќате. Претерувањето на потрошувачката на натриум може да предизвика хаос во однос на здравјето и на целокупниот тонус.

Видете и 6 знаци дека претерувате со солените јадења:

1. Не можете да се концентрирате

Внесувањето премногу сол може да влијае на когнитивните функции на мозокот, според канадско истражување од 2011 година. Тоа значи дека ќе имате проблеми со концентрацијата и меморијата. Можно е редовно да го чувствувате умот заматен, без да разбирате на што се должи тоа.

5 начини да ја замените солта во јадењата

Loading...

2. Цело време сте жедни

Храната со висока содржина на натриум (чипс, сосови, колбаси) ве тера да се чувствувате пожедни од обично и затоа вашето тело најверојатно се обидува да ја врати рамнотежата на сол во клетките.

3. Имате отоци на чудни места

Ако наутро се будите со подуено лице, а попладне имате отоци во зглобовите, најверојатно консумирате премногу солена храна. Можно е да е симптом и на друго заболување, но прво намалете со земањето на натриум.

4. Имате камења во бубрезите

Консумирањето премногу натриум може да ја отежни бубрежната функција. Солта може да го зголеми количеството на протеини, откриена во урината. Повеќето протеини во урината се главен фактор на ризик за бубрежна болест и појава на камења во бубрезите.

РЕВОЛУЦИОНЕРНО ОТКРИТИЕ: Солта нè прави гладни, а не жедни!

5. Имате чир на желудникот

Премногу натриум во менито може да доведе и до чир на желудникот.

6. Имате висок крвен притисок

Многу истражувања покажуваат дека претерувањето со земање на сол може да го зголеми крвниот притисок и да доведе до срцеви проблеми.