6 симптоми за замор во очите

Сподели со своите пријатели

На многумина често им се случува да се обидат да се држат будни пред екранот, кога очите едвај успеваат да останат отворени. Ако ова сценарио се забележува премногу често, наместо да го игнорираме, препорачливо е да се консултираме со очен лекар, бидејќи тоа може да биде знак на уморни очи.

1. Црвенило или иритација

Ако работата ни бара трошење долги часови пред монитор, очите може да се склони кон сувост. На долг рок тоа може да е причина за иритација и црвенило.

2. Тешкотии да се фокусираме

 Кога сме уморни, очите почнуваат да се затвораат, што се одразува на видот. Како резултат, ќе почне да трепка, а тоа може да ја отежнува способноста да се фокусираме.

3. Суви или насолзни очи

Ако многу често сме погодени од суви или насолзени очи, тоа е јасен знак дека нашите очи се уморни. Наместо да користиме капки за очи, треба да се консултираме со очен лекар.

4. Заматен или двоен вид

Кога очите се премногу уморни, тоа не го отежнува само фокусирањето, но и крие ризик од заматен или двоен вид.

5. Зголемена чувствителност на светлина

Очните капаци натежнуваат и очите почнуваат да се затвораат кога сме уморни. Ова води до чувствителност на светлина, како последица на што се појавува црвенило и болка во очите. Се препорачува консултација со офталмолог.

6. Болка во очите

Како последица на премногу тензија во очите, во комбинација и со ненаспаност, може да се појави чувство на печење. Ова не само што доведува до појава на болка во очите, но исто така напрегнува вратот, рамењата или грбот.