6 работи за Цеца кои не сте ги знаеле

Сподели со своите пријатели

Светлана Ражњатовиќ – Цеца е дефитивно една од најголемите балкански звезди на сите времиња. Сите се запознаени со нејзиниот бурен и контроверзен живот, но постојат работи за неа кои се помалку познати. Еве дел од нив:

Loading...
  1. Првиот албум, насловен како “Лудо Срце” го има снимено на само 15 години, по што нејзината популарност расне вртоглаво. Наскоро започнува со настапи низ цела Југославија. Една година по деби албумот ја издава плочата “То, Мики, то”, која е распродадена во неверојатни 360.000 примероци
  2. Пет месеци по заедничкиот живот со озлогласениот Жељко Ражњатовиќ-Аркан, Цеца му предложува брак, по што нејзиниот иден сопруг и купува прстен со брилијанд од 3,5 карата. Нејзината помпезна венчавка се одржа на 19 февруари 1995, кога Цеца имаше 22 години, а Аркан 43.
  3. Цеца не поднесува алкохол и никогаш не го конзумира, но затоа е голем вљубеник во српската традиционална кујна, посебно во десертите. За себе вели дека не поднесува лажење и превари, додека својот брак со Аркан го смета за најубавиот период од нејзиниот живот. Омилено цвеќе и се розите.
  4. Нејзиното прво дете, Вељко, е резултат на вештачко оплодување. Вељко е роден во декември 1996 година, како осмо дете на сопругот на Цеца. По две години звездата ја раѓа својата ќерка Анастасија.
  5. По убиството на Аркан во хотелот Интерконтинентал, Цеца се повлекува од јавноста на цела година. По долгиот период на жалење, повторно се враќа во јавниот живот, како претседателка на фудбалскиот клуб Обилиќ, сопственост на нејзиниот покоен сопруг.
  6. Цеца е една од ретките звезди која на двапати ја има наполнето грандиозната сала Ушќе. Во 2016 година го издава својот последен албум, за чиј што успех нема потреба да говориме. Се шпекулира дека се спрема уште еден концерт во Ушќе, кој сигурно ќе биде уште поголем од претходните два.

Како потсетување, најголемата балканска звезда на 6 октомври ќе го посети нашиот град. Концертот ќе се оддржи во Спортската Сала, со почеток од 20:00 часот. Влезниците се веќе во продажба, и како што дознаваме од менаџментот, се продаваат со светлосна брзина.