6 работи кои се случуваат со вашето тело ако пушите трева

Сподели со своите пријатели

Во некои држави веќе се легализира употребата на марихуана, а во други тоа како да е прашање на време. Треба да бидете свесни дека сепак пушењето трева дури и да стане легално, останува претежно штетно за телото.

Освен ако не сте сериозно болни и лекарите не ви ја препорачуваат тревата како пенкилер, не е препорачливо да ја употребувате, бидејќи таа може да доведе до некои сериозни негативни последици за вашиот организам.

Еве што точно:

1. Тревата ги забавува моторните вештини.

Ако пушите редовно трева, наскоро нема да можете да вршите каква и да е енергична активност или спорт, а дури и ќе ви е тешко да си го исчистите станот. За повеќето луѓе, пушењето или внесување на трева, малку по многу ги претвора во зомбиа. Виновник за тоа е психотропната супстанција во канабисот – тетрахидроканабинол (THC), што предизвикува опуштање, летаргија и мрзеливост.

2. Тревата го потиснува апетитот.

Луѓето кои пушат марихуана и канабис, немаат апетит. Во даден момент тие престануваат да чувствуваат задоволство од храната, што од своја страна може да доведе до нарушувања во исхраната и до хипотензија.

3. Тревата ја збунува краткотрајната меморија.

Луѓето кои пушат трева редовно почнуваат да губат меморија. Тие сѐ почесто почнуваат да имаат напади, во кои се обидуваат да се сетат нешто, но не успеваат.

4. Тревата го слабее имунолошкиот систем.

Студија од 2006 година покажува дека редовната употреба на марихуана ја намалува клеточната активност и потиснува воспалителните реакции, што од своја страна ја зголемува чувствителноста на телото кон вируси и инфекции. Освен тоа пушењето трева води до хронично црвенило на очите.

5. Тревата доведува до сувост во устата.

Канабисот ја потиснува саливацијата, но тоа не е најлошото во случајот. Според едно списание на стоматолошката унија од Тенеси, пушењето трева може да ги воспали непцата и да доведе до пародонтална болест (опаѓање на забите). Но, тоа важи подеднакво и за пушењето.

6. Тревата ја менува големината на мозокот.

Научниците сѐ уште не се категорични за тоа како марихуаната влијае на развојот на мозокот за време на адолесценцијата, но дефинитивно се категорични дека некои структури во него се намалуваат.

Според едно истражување на Националната академија на науките на САД, IQ-то на човек (коефициентот на интелигенција) се намалува со пет поени, особено кај адолесцентите кои редовно пушат марихуана.

А сепак, за да бидеме целосно објективни, мора да признаеме дека тетрахидроканабинолот (примарна психоактивна супстанција во канабисот) се користи и за ублажување на голем број болести или моментални болки, како на пример глауком, автоимуни болести, улцеративна колитис, епилепсија и кај силни напади на болка.