59-годишен маж кој бил пријавен за исчезнат пронајден во фаза на распаѓање

Сподели со своите пријатели

На 15.07.2017 година околу 13. 10 часот во Полициско одделение -Осломеј, А.О (43) од село Падалиште-Кичево пријавил дека во месноста викана „Бериковски камен“ атар на село Бериково-Кичево, пронашол човечко тело во распаѓање.

Увид на лице место извршиле Основното Јавно Обвинителство и екипа од Полициската станица Кичево, по што по  наредба на Јавен обвинител телото е пренесено во Општата болница-Кичево, каде е извршена идентификација и било констатирано дека се работи за Р. Р (59) од село Долно Строгомиште, кој на 05.03. годинава бил пријавен за исчезнат, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Телото е оставен во  Јавната здравствена установа -Општа болница-Кичево за обдукција.