55-годишен маж пронајден починат во својот стан

Сподели со своите пријатели

Вчера во 20,15 часот во Штип, на улицата „Стојан Гологанов“ во сопствениот стан пронајден бил починат К.Г. (55), а од страна на лекар била констатирана смрт, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Увид на местото на настанот извршил Јавен обвинител, лекар патолог и увидна екипа на СВР-Штип, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.