5 вредни совети за денот по непроспиената ноќ

Сподели со своите пријатели

Премногу ладно или топло ни е, се подготвуваме за важен состанок следниот ден. Без разлика на причината за недоволниот сон во текот на ноќта, не е задолжително да го отпишеме денот по неа.

Благодарение на овие трикови можеме да имаме исполнет ден, и покрај недоволниот одмор во текот на ноќта …

1. Утринска хидратација

Да испиеме една чаша вода на собна температура веднаш по станување. За време на спиењето губиме во близина литар вода. Дури и да не сме спиеле во голем дел од ноќта, пак се будиме дехидрирани наутро.

2. Сончева светлина

Следниот препорачан чекор е да излеземе на сончева светлина за околу 15 минути. На овој начин се прекинува синтезата на мелатонин – хормонот на сонот. Потоа можеме да земеме еден туш кој ќе не освежи.

3. Да почекаме со еспресото

Многу од нас се обидуваат да го компензираат изгубениот сон со чаша кафе, но тоа обично не функционира. Наместо да брзаме со кофеинот рано наутро, подобро е да му се насладиме околу 90 – 120 минути по станување. Така ефектот ќе биде поголем.

4. Да се подготвиме за работниот ден

Можеме да слушаме комично шоу на пат за работа. Смеата дефинитивно помага да се подготвиме за денот, со што се подобрува и расположението.

5. Правилна стратегија на работното место

Сè што бара сериозна концентрација, да го оставиме за следниот ден и да се продолжи со креативните задачи. Постојат податоци според кои, кога сме поспани, сме покреативни.