5 вида храна што не треба да се чува во фрижидерот

Сподели со своите пријатели

Постојат некои видови храна сепак, кои во никој случај не треба да се чуваат во фрижидер, бидејќи нивниот рок на траење се скратува значително, а и хранливата вредност опаѓа.

Домати

Веројатно поголемиот дел од домаќинствата ги чуваат доматите во фрижидер. Ова е апсолутно погрешно. Студот ги менува хемиските состојки во доматите. На овој начин хемикалиите кои се одговорни за свежиот мирис на вкусниот црвен зеленчук се потиснуваат, а оние кои се одговорни за одложување на процесите на гниење се катализираат. Затоа и доматите од фрижидерот секогаш имаат мирис и мека текстура.

Компири

Ниските степени го тераат компировиот скроб да се раствори во крвта. Оттаму доаѓа и слаткиот вкус на компирот, изваден од фрижидерот. Експертите советуваат компирот да се чува на околу +7 степени. А, повеќето фрижидери работат во опсег помеѓу 2 и 5 степени.

Ставете ги на темно и проветрено ладно место, бидејќи и светлината предизвикува наслаги на хлорофил, кој од своја страна го прави компирот горчлив на вкус.

Цели дињи

Ладилникот ја намалува количината антиоксиданси во дињите. Според истражувачите, бројот на овие корисни материи се удвојува при престој на дињите на собна температура. Во фрижидерот процесот е обратен.

Студениот воздух предизвикува намалување на корисните антиоксиданси во дињите, особено веднаш по откинувањето. Складирање во фрижидер на веќе исечена диња е друго – тоа помага за спречување на развојот на бактерии.

Кромид

Овој  зеленчук навистина има потреба од добра циркулација на воздухот. Таква нема во фрижидерот. Соодветно кромидот не треба да се чува таму. Важно е да се напомене дека кромидот не треба да се чува во близина на компири, бидејќи тој одвојува одреден гас, како и влага, која може да предизвика компирот да се расипе побрзо, пишува rd.com.

Босилок

Босилокот е пренесен од тропските региони, поради што температури под 5 степени Целзиусови му се одразуваат многу лошо. Токму затоа не треба да се чува во фрижидер. Наместо тоа, претворете го во свеж букет цвеќе. Така најдолго ќе се задржи свеж, а и нема да ги изгуби своите квалитети.

Loading...