5 начини да ја замените солта во јадењата

Сподели со своите пријатели

Велат дека шеќерот е еден од најштетните видови храна, кој предизвикува голем број воспалителни процеси во организмот, кои би можеле да отклучат во подоцнежна фаза и сериозни болести. Освен што треба да внимаваме со количината на потрошената шеќер, важно е да се обрне внимание и на тоа колку сол консумираме дневно.

Според Светската здравствена организација дневниот внес на сол треба да биде помалку од лажичка. Постојат неколку прекрасни зачини кои можат успешно да заменат голем дел од солта во храната. Запаметете ги!

Семки од сончоглед
Поткаснувајте секој ден по еден грст сурови семки од сончоглед. Тие се богати со витамини Е и Б1, а само 100 грама од семето ги задоволуваат дневните потреби на организмот за манган, бакар, магнезиум, натриум, фосфор и витамин Б6. Нивниот благо солен вкус ги прави поздрава замена на солта.

Лук
Во сезоната на настинките и грипот е подобро да го зголемите имунитетот поткаснувајќи почесто лук. Може да користите каранфилче или лук во прав, кога подготвувате салати, супи и јадења. Ако си заштедите од ставањето на сол во јадењата, додадете мала количина лук, веднаш ќе се почувствува малку солениот вкус.

Цимет
Иако овој ароматичен зачин почесто се додава кон пијалоци и слатки, тој може да биде добра замена за солта во храната. Исто така циметот ќе помогне и за регулирање на шеќерот во крвта, кој обично после јадење е повисок. Интензивната арома на зачини е одлична за овкусување на солени јадења како пилешко со кари пример.

Кардамон
Кардамонот е зачин од семејството на ѓумбир. Има деликатен вкус и мирис и уште при првото зачимување на храната нема да се почувствува недостаток на сол. Исто така кардамонот ги намалува мускулните болки, спорведува детоксикација, делува антивирусно и го намалува крвниот притисок. Додавајте од него кон ориз, јадења со сос и месо, супи.

Лути пиперки
Топлиот и зачинет вкус кој го остават лутите пиперки, кога ги конзумираме, можат да ја заменат солта во храната. Покрај тоа, тие имаат анти-воспалителни својства и помагаат да го согориме поефикасно вишокот калории.