5 бизарни секс истражувања за кои не сте слушнале

Сподели со своите пријатели

Сексот е една од работите кои секогаш ќе го возбудуваат човештвото. Не само што ги задоволува основните потреби, но и е корисен за здравјето, носи задоволство, согорува калории и што ли уште не. Затоа медиумите и научниците постојано нè опсипуваат со различни информации за тоа како да се подобри и засили нашиот сексуален живот.

Веројатно сте наишле на какви ли не научни трудови на оваа тема, но овие 5 истражувања ќе ве изненадат!

1. Сексот тотално владее со интернетот! Според истражувањето од 2012 година, објавено во списанието Sexual Addiction & Compulsivity, повеќе од половина материјали во онлајн просторот се врзани со секс.

2. Спонтан секс со странец е корисен за здравјето! Научниците од Универзитетот во Корнвел тврдат дека тој лекува депресија и раздразненост и ја покренува самодовербата.

3. Откачете ги обврските во домаќинството, ако сакате повеќе секс! Неодамнешна студија откри дека мажите кои ѝ помагаат на партнерката во грижата за бебето, почесто се радуваат на интимни бакнежи.Парадоксално, ако одлучат да помагаат на омилената во домаќинството сепак, ќе бидат лишени од вниманието во кревет.

4. Мажите треба да јадат тиква за подобри перформанси во кревет! Организацијата Smell and Taste Treatment и научници од Чикаго направија едно прилично забавно откритие.Според нив тиквата го зголемува крвотокот во пенисот и штити од еректилна дисфункција. Значи сите мажи кои имаат проблем со ерекцијата, треба да поминат на “тиква диета”.

5. Партнерката ќе ве изневери, ако имате голем пенис! Лудо, но не сосема неточно, според списанието Public Library Of Science. Медиумите неодамна објавија студија, според која дамите порано или подоцна почнуваат да ги изневеруваат партнерите со долги пениси, бидејќи им било тешко и болно да имаат секс со нив.