450.000 кондоми за олимпијците, три пати повеќе од минатата Олимпијада

Сподели со своите пријатели

За Олимпиското село во Рио де Женеиро за време на одржување на летните Олимписки игри биле порачани 450 илјади кондоми, три пати повеќе за ралзика од пред четири години за игрите во Лондон.

Со оглед на тоа дека во Рио се присутни над 11 илјади спортисти и членови на тимот, теоретски тоа би значело по 40 кондоми по глава на жител на Олимпиското село.

Споредувајќи го бројот на нарачани презеративи со оние од лондонските игри кога имало 150.000, станува очигледно дека организаторите вложиле многу пари и труд гостите од целиот свет да бидат заштитени од несакани последици од еден од, како се верува, најзабавните начини на славење на своите медали или добар пласман.

Баш тоа е и еден од слоганите кои можат да се најдат на автоматите со кондоми – Прослави со кондом. Освен автоматите, во Олимпиското село чекорат и носачи кои можат да достават потребна заштита во било кое време.

Во Рио, за разлика од Лондон, совен кондомите може да се нарача и лубрикант, затоа што организаторите порачале 1.750.000 шишиња.

Освен самиот број на презеративи, доказ дека во Олимпиското село се случуваат други спортски активности од друг вид е и извештајот на мобилната апликација „Тиндер“, која регистрирала пораст на корисницит еза значителни 129%.

 

Loading...