4 совети за здраво срце

Сподели со своите пријатели

Обрнете внимание на неведените совети за да го сочувате здравјето на срцето, но и на целиот организам.

Ограничете го консумирањето на алкохол

Луѓето кои пијат алкохол во ограничени количини имаат помали шанси да добијат некоја болест на срцето. Консумирањето на поголеми количини на алкохол доведува и до покачени триглицериди, дебелина, алкохолизам, депресија и несреќи. Идеална мерка за жените е еден, а за мажите два пијалоци на ден.

Шетајте

Получасовна прошетка ќе ви го подобри здравјето на срцето, ќе го намали дебелеењето, ќе помогне во борбата против дијабетесот и остеопорозата. Оние денови кога баш и не ви се шета, одете на пливање или вежбајте дома. Само движете се и ќе направите добра работа за своето срце.

Не консумирајте транс-маснотии

Транс-маснотиите што се наоѓаат во пржената храна, пецивата и маргарините го зголемуваат нивото на лош холестерол (LDL) и го намалуваат добриот холестерол (HDL). Избегнувањето на транс-маснотиите значи и намален ризик од срцеви болести, удари и дијабетес тип 2.

Научете ја постапката за оживување

Знаете ли дека добро спроведената постапка за оживување, веднаш после срцевиот напад, ја дуплира шансата човекот да преживее? Седумдесет и пет до осумдесет отсто од срцевите удари се случуваат дома, па затоа е неопходно да се познава постпката за оживување.