4 производи кои не треба да ги јадете кога сте болни

Сподели со своите пријатели

Храната тешко дека е првото нешто што ни доаѓа на ум, кога сме болни. Сепак, треба да се храниме, за да го снабдиме организмот со енергија. Има значење сепак што конзумираме, бидејќи некои видови храна може да ни ја влошат состојбата.

Еве што да избегнуваме …

Loading...

1. Кафето

Стимулирачкиот пијалок, омилен на многумина, не е препорачлив при каква и да е болест, но особено важно е да го избегнуваме, ако имаме проблем со стомакот.

Проблемот е дека кофеинот содржан во него, е диуретик и може да го дехидрира организмот. Кога ќе се бориме со вирус или инфекција, организмот има потреба од доволно хидратација, што го помага дејството на имунолошкиот систем. Кофеинот штети уште повеќе кога станува збор за дијареа или повраќање. Причината е дека и двете состојби доведуваат до загуба на течност во организмот. Покрај тоа, кофеинот ги стимулира и мускулите во дигестивниот тракт и така го влошува проливот.

2. Сок од портокал

Инаку корисниот пијалок треба да се избегнува, кога страдаме од кашлица или воспалено грло. Киселиот вкус на сокот од портокал обично делува освежувачки, но кога сме настинати или имаме болки во грлото, тој може да ја влоши состојбата.

Во пијалокот се содржи лимонска киселина, која ја иритира слузницата на веќе воспалено грло.

3. Колачи

Loading...

Слично на кафето, слатките задоволства не се препорачуваат кај ниедна болест, но најмногу кај проблеми со стомакот. Потрошувачката на рафиниран шеќер може привремено да ја потисне способноста на телото да се спротивстави на бактериите.

Неколку часа по конзумирањето на слатки, бонбони или други лакомства, имунолошкиот систем е ослабен.

4. Крцкави грицки

Тие треба да се избегнуваат кога имаме кашлица или болки во грлото. Причината за негативниот ефект се должи на абразивната текстура на овие храни, а колку повеќе го дразниме грлото, толку повеќе време му е потребно да се излекува.