4 начини на кои смартфонот штети на здравјето

Сподели со своите пријатели

Денес доста често гледаме група млади кои наместо да зборуваат меѓу себе, се зафатени со своите телефони.

Зависноста од смартфонот е сериозен проблем во денешната дигитална ера, а студии утврдиле дека состојбата може да доведе до овие физички и емоционални проблеми во долг рок.

Loading...

1. Несоница

Колку пати сме останувале активни на социјалните мрежи до доцна во ноќта, наместо да спиеме? Ова исто така е вообичаена практика меѓу мнозина.

Според податоци на студиите сепак зголеменото користење на смартфонот е директно поврзано со несоницата. Препорачливо е да избегнуваме да го држиме телефонот на дофат ноќе, како и да го исклучиме звукот.

2. Депресијата и загриженоста се исто така можни

Истражување објавено во Journal of Behavioral Addictions во 2015 година, покажа дека учениците кои поминуваат часови со својот смартфон, се со поголема веројатност да страдаат од депресија и анксиозност.

 

Loading...

 

3. Кожен осип

Смартфонот може да биде и причина за воспаление на кожата и развој на дерматитис во областа околу увото и образот. Тоа е затоа што некои телефони содржат алергени како никел, хром и кобалт.

4. Болка во зглобот и прстите на раката

Ако го користиме смартфонот повеќе од шест часа на ден, прстите и зглобовите ги поднесуваат ударите на зависноста.

Можеме да забележиме облини во малите прсти. Палците и зглобовите се исто така изложени на ризик од повреда. За да се избегнат овие несакани ефекти, препорачливо е да го намалиме времето кое го поминуваме со телефон во рака.