37-годишен маж во животна опасност извлечен од водите на Охридското езеро

Сподели со своите пријатели

На 25.06.2017 година околу 14,00 часот во Охрид на плажа во село Пештани, од водите на Охридското езеро со знаци на живот бил изваден К.К. (37) од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во ЈЗУ-Охрид од каде било добиено известување дека истиот се наоѓа во животна опасност. Поради сериозноста на здравствената состојба вчера К.К. бил пренесен од Охридската Општа Болница во “Карил“ при Клиничкиот центар “Мајка Тереза“.