32-годишен кумановец повреден во сообраќајна незгода

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 15.00 часот на ул. „Доне Божинов“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „Кимко“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од С.П. (32) од Куманово и патничко возило „Шевролет Калос“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (53) од Куманово.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи во незгодата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во Ургентен центар Куманово, од каде по укажаната лекарска помош, бил препратен во Ургентен центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.