31 милиони евра потрошени за палмите од кои ниту една не преживеала

Сподели со своите пријатели

Владата денеска ја разгледа и ја усвои информацијата на Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми Македонски шуми – Скопје за вкупно потрошените финансиски средства за спроведување на Акцијата “Ден на дрвото – засади ја својата иднина” од почетокот на акцијата до 2016 година.

Според оваа информација за реализација на оваа акција биле потрошени 17,8 милиони евра, а преживеале само 21 отсто од вкупно засадените садници.

Дополнителни 31 милион денари во оваа акција биле потрошени за засадување палми, а во извештајот се наведува дека ниту една палма не преживеала.

Leave a Reply