28 литри дожд наврнаа во Куманово изминатото деноноќие, рекорд во Струмица – 71 литар

Сподели со своите пријатели

Нешто над 12 часа дождот без престан паѓаше во Куманово, а тоа го потврдува и информацијата дека наврнале вкупно 28 литри дожд на метар квадратен во изминатото деноноќие, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Сепак рекорден е Струмица каде за 24 часа паднале 71 литар дожд на метар квадратен.

Утринава имам претежно облачно и свежо време со врнежи од дожд, кои на повеќе места се обилни. Дува слаб до умерен ветер од северен правец.

До крајот на денот ќе се задржи претежно облачно и свежо време со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни, особено во претпладневните часови. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер, особено изразен во северните делови.

Променливо облачно со сончеви периоди, и со слаб до умерен локален дожд ќе биде утре, особено попладне. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер. Минималните температури ќе се движат од 7 до 13, додека максималните дневни во итнервал од 19 до 25 степени целзиусови.

Утре и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, повеќе ќе биде изразен во северните делови. В сабота ќе има слаби локални врнежи од дожд.

Од почетокот на наредната недела се очекува стабилно и потопло време.