25-годишник осуден за силување приведен на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Вчера во 18,00 часот на Граничен Премин-  Табановце за влез во Република Македонија, при пасошка контрола на А.С.(25) од Косово, било утврдено дека евидира на СТОП- ЛИСТА по телеграма за сторено кривично дело “силување“, со мерка да се лиши од слобода, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во 20,10 часот со потврда за предавање на лице, истиот бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.