235 мртви во терористички напад во Египет (вознемирувачки снимки)

Сподели со своите пријатели

Најмалку 235 луѓе се убиени, а околу 100 ранети во нападот на џамија на северот на египетскиот полуостров Синај.

По експлозијат ана бомбата, вооружени напаѓачи се довезле и отвориле оган врз верниците додека тие бегале од молитвите, а пукале и на возила на Итната помош, јавува Ројтерс.

Loading...

Џамијата Ал Равда во местото Бир ел Абед, западно од градот Ел Ариш, претрпела голема штета во екплозијата. Објектот припаѓа на суфистите, мистичен огранок на исламот чии следбеници, тврдокорни исламисти ги сметаат за отпадници.

До вчера попладне никој не презеде одговорност за нападот, најсмртоносен досега во таа област во која во последните четири години египетските сили за безбедност водат силна борба против бунтовници на Исламската држава. Во меѓусебните пресметки загинале стотици полицајци и војници.

Египетскиот министер за здравство Халид Муџахид оценил дека се работи за терористички напад.

https://twitter.com/Cr8641/status/934084212935729152?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Finfo%2Fvesti%2Findex.php%3Fyyyy%3D2017%26mm%3D11%26dd%3D24%26nav_category%3D78%26nav_id%3D1329113

Претседателот Абдел Фатах ел Сиси, некогашен началник на генералштабот на војската, кој се наметна како главен борец против исламските милитанти вор егионот, свика итен состанок на комитетот за безбедност. Во земјата е прогласена тридневна национална жалост.

Египетските сили на безбедноста се борат против милитанти на северот на Синај уште од 2011 година. Досега Исламската држава презеде одговорност за нападите во овој регион.

Најактивната милитантска група е Вилајет Синај, која во 2014 година искажа лојалност на Исламската држава. Според проценките има помеѓу 1.000 и 1.500 вооружени припадници.