23-годишно момче оженило баба од 91 година: Жестоко ја засакал (видео)

Сподели со своите пријатели

Маурисио Осола (23) од Аргентина ја оженил својата љубов Јоланда (91). Немал пари да ги заврши студиите, па таа му помагала, а потоа како вели, се заљубил жестоко во неа.

Мурисио откако се развеле неговите родители пред осум години се преселил во градот Салта за да живее со Јоланда. Тој, неговите мајка, брат и нивната баба се доселиле во домот со Јоланда и добро се сложувале. Јоланда прифатила да се омажи за Маурисио за да тој ја добие нејзината пензија.

Маурисио и рекол дека ора да ги прекине студиите поради финансиски потешкотии, а таа му ветила дека ќе направи се за да тој успее да дипломира. Младиот Аргентинец на новинарите им рекол дека ја запросил и таа прифатила. Се венчале во февруари 2015 година во дискретна цивилна церемонија.

Loading...

– Кога ми се разведоа родителите и кажав на Јоланда дека ќе го прекинам студирањето затоа што немам пари, а таа ми рече дека ќе ми помогне затоа што секогаш сум бил тука за неа. Ја водев на лекар и и помагав во секојдневните проблеми, вели Маурисио.

Две години по бизарната венчавка Јоланда починала од сепса и Маурисио побрал право на нејзината пензија. Но, работите не оделе лесно затоа што соседите на социјалните реботници им рекле дека не знаат ништо за бракот на Маурисио и неговата пратетка. Осола тврди дека е се легално и дека ако треба ќе одат и на Врховен суд.

Покрај нашиот дом е изграден нов блок и таму не познавам никој, ниту некој не познава нас. Што тие знаат за нашиот брак. Ја сакав Јоланда на најчистиот начин и болката поради тоа што ја загубив ќе ми остане до крајот на животот. Кога побарав пензија, ги предадов потребните документи и ги исполнив сите барања. Јоланда имаше повеќе од 90 години, не беше совршено луцидна, вели младиот вдовец.