23-годишниот терорист од Санкт Петербург бил бомбаш-самоубиец кој уби 11 лица

Сподели со своите пријатели

Терористичкиот напад во Санкт Петербург во кој загинале 11 лица, а десетици се ранети, го извршил терорист самоубиец, јавува Интерфакс, повикувајќи се на извори блиски до истрагата.

За експлозијата во метрото во Санкт Петербург одговорен е државјанин на Русија со потекло од Централна Азија, изјавил денеска висок казахстански безбедносен раководител Нургали Билисбеков, додавајќи дека осомничениот не е од Казахстан.

Се уште нама официјални потврди на овие наводи, меѓутоа властите го имаат идентитетот на осомничениот за нападот во руското метро, кога измеѓу две станици, најверојатно во тунел, дошло до експлозија, рекол за Интерфакс упатен извор од истрагата.

Во склад со информациите, експлозивната направа ја активирал терорист-самоубиец. Според прелиминарните податоци се работи за 23-годишен маж од Средна Азија – рекол изворот, додавајќи дека бомбата најверојатно ја внел во ранец.

Претходно Ројтерс пренесе дека според пронајдените докази, напаѓачот бил поврзан со радикална исламистичка група која е забранета во Русија. Инаку, мажот кој претходно бил забележан на безбедносните камери и наведен како осомничен, во меѓувреме сам се пријавил во полиција и рекол дека не е поврзан со нападот, пренесува Интерфакс.

Агенциите и претходно јавуваа дека Русија распишала потерница по две лица, едно од нив осомничено за поставување на експлозив во вагонот од метрото, а другата за оставање бомба во самото метро.

Портпаролката на рускиот истражен комитет, Светланата Патренко изјавила дека членовите на тој комитет ги истражуваат сите околности на експлозијата, како и специјален тим на искусни истражувачи и форензичари кои ги собираат сите материјални докази пронајдени на лице место и вршат испрашување на сведоци.

Во текот на денот се појавија бројни различни податоци за билансот на загинати и повредени, но сепак според последните информации од Русија, загинале 11 лица, а 45 биле повредени.

На самото место цвеќе положи и рускиот претседател Владимир Путин, а градските власти прогласија тридневна жалост.