22-годишна кумановка тешко повредена во сообраќајка

Сподели со своите пријатели

Рано утринава во 01,55 часот во Куманово на локалниот пат за с.Проевце, се случила сообраќајна незгода во која М.С. (1994) од Куманово управувајќи патничко моторно возило „Голф“ со кумановски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во дрвен столб за пренос на електрична енергија и во оградата од куќа на ул.„Боро Соколов“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото А.М. (1995) од с. Биљановце, која по укажаната лекарска помош во Медицински центар – Куманово е префрлена во Ургентен центар – Скопје.

Увид на лице место извршила екипа од СВР- Куманово.