22-годишен кумановец ќе одговара за компјутерска измама

Сподели со своите пријатели

СВР Велес поднесе кривична пријава против А.Д.(22) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Откако пријавениот извршил упад во „account“ на „Content.ad“ која што претставува маркетинг стратегија за рекламирање на содржини и дистибуција на истите преку платен канал и направил промена на информациите за начинот на исплата на паричните средства, ја заменил постоечката девизна сметка сопственост на В.И. со својата девизна сметка, а воедно извршил и промена на е-mail адресата и промена на лозинката, со што се стекнал со имотна корист од 11.254 долари на штета на В.И.