21-годишник силувал девојка во мотел во Проевце

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.А. (21), со живеалиште во Австрија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот на 08.08.2017 година околу 09.30 часот во соба во мотел во село Проевце, кумановско, побарал од Љ.С. (21) од село Ваксинце да имаат интимни односи, но таа не прифатила.

Потоа А.А. без согласност од Љ.С., со употреба на сила, започнал насилен сексуален однос.