20 хектари шума изгореа во село Белановце

Сподели со своите пријатели

Шумски пожар зафатил поголема поршина нискостеблеста мешовита дабова шума и сува трева во текот на утрешниот ден во селото Белановце, поточно месноста Мокро поље, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Пожарот бил регистриран вчера попладне во 13 часот, а во 16:30 часот од Шумското Стопанско Куманово пристигнала информаија дека на теренот биле излезени 15 нивни вработени и три теренски возила и џип УАЗ и дека работат на локализирање на огнот.

Пожарот сепак бил ликвидиран во 18:15 часот. Во пожарот според информациите од Шумското Стопанство изгорени биле 20 хектари мешовита шума, од кои една половина дабова шума, додека останатиот дел биле сува трева и стрништа.

Кумановските пожарникари не биле шповикани на интервенција, но како што не известија не добиле ниту никаква информација поврзана со типот на пожарот, површината и дали има потреба од нивно вклучување.

 

Loading...